Во селото Пагаруша, во општина Малишево (Косово) се одвиваа сцени како од најлошите филмови кога непознат напаѓач отвори оган од „калашников“ кон автобус полн со патници!
Инцидентот се случи денеска околу 12:10 часот, а според првичните информации, напаѓачот пукаше во возилото без никакво предупредување.
Патниците преживеале вистински шок, но благодарение на неверојатната среќа, никој не е повреден во овој напад.
Портпаролката на полицијата за регионот Ѓаковица – Вљера Красниќи, потврди за „Газета експрес“ дека полициските единици го блокирале подрачјето веднаш по пријавата.
Полицијата реагираше брзо и го уапси осомничениот. При апсењето, запленето е оружје од типот „АК-47“ (Калашников), кое е испратено на вештачење.
Со наредба на државниот обвинител, осомничениот е приведен до 48 часа, додека случајот се третира како „тежок обид за убиство“.
Мотивот на овој напад, кој го вознемири Косово не е познат.
