Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степена.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени.
Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
