Српскиот претседател Александар Вучиќ денес на пленарната седница одржана во рамките на Самитот ЕУ-ЗБ во Тиват изјави дека уште еднаш ги презентирал ставовите на Србија за најважните прашања од политиката, економијата и безбедноста и додаде дека верува оти клучот за заедничка иднина лежи во меѓународното разбирање, соработката и одговорноста.
„Добар и значаен разговор и уште подобра можност уште еднаш да ги презентираме ставовите на Србија за најважните политички, економски и безбедносни прашања што ќе ја обликуваат иднината на нашиот регион“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav.
Српскиот претседател додаде дека посебна вредност на оваа средба му даваат собраните лидери од регионот и ЕУ, како и фактот што различните искуства, ставови и интереси се среќаваат на едно место.
