СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Од:

Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани.

– Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда да им исплатат одредена сума на пари-соопштуваат од СВР-Штип.

СВР Штип ги известува граѓаните доколку во случај да добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.

Инаку, во штипскиот Основен суд на 20 мај беше изречена казна затвор од пет години и шест месеци за П.С. од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на наивните граѓани успеал да им земе 56.000 евра.

Би можело да ве интересира

Скандал во Хрватска: Полицајци имале сексуални односи во службено полициско возило

Предраг Петровиќ

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски

Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Горан Наумовски

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото