Кремљ: „Зеленски, дојди во Москва“

Од:

Кремљ го видел писмото од Владимир Зеленски во кое се предлага прекин на огнот, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека тоа подоцна ќе му биде доставено на Владимир Путин.

Го видовме писмото, рече Песков, додавајќи дека „Зеленски секогаш може да дојде во Москва ако сака да преговара“.

Песков, исто така, нагласи дека Путин сè уште не го прочитал писмото, но дека ќе биде информиран за тоа по разговорите со лидерот на Узбекистан.

Сепак, тој нагласи дека националните интереси на Русија се најважниот фактор во преговорите со Украина.

„Со должно почитување кон САД и нивните медијациски напори во Украина, за Руската Федерација, главната работа се нејзините национални интереси“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД