Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обратина граѓаните на Србија од Тиват.
Во своето обраќање, Вучиќ се осврна на разговорот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
„Тукушто имав разговор со Мицотакис, разговаравме за понатамошно подобрување на соработката меѓу Србија и Грција, верувам дека отворивме нови области на соработка – изградба на гасовод низ територијата на Македонија, за европскиот пат на Србија“, рече Вучиќ и го најави своето заминување на свечена вечера.
На прашањето за намерата на Звицер да го убие пред неколку години, Вучиќ рече:
„Не е тајна, го имавте тоа во евиденцијата на Скај, долго време го бараа, станува збор за водачи на кланови. Не гледам некоја голема вест. Кога често има непотребни политички тензии меѓу Подгорица и Белград, сите ќе кажат дека другиот е виновен, сите моравме да бидеме порационални, но кога ќе почнат обвинувањата, нема крај. Но, тоа што криминалците ќе си ја работат работата, нема филозофија таму… Не може секој да биде академик, некој мора да се справи и со тоа.“
