Стефан Богоев и останатите осомничени за злоупотреби во Царината одат 30 дена во притвор

Од:

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои:

Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“.

Ова е соопштението кое доцна вечерва го испратија од скопскиот Кривичен суд во врска со истрагата што денеска ја отвори ОЈО ГОКК, а во која опфатени се поранешниот прв човек на Царината – Стефан Богоев и поранешен помошник-директор на Царината, управител на фирма и вработен во неа.

Според обезбедените докази, од ОЈО велат дека Богоев примил награда во износ од 111.600 денари, односно 1.800 евра за искористување на својата службена положба и реално влијание во врска со тендерската постапка.

Би можело да ве интересира

Судот одлучува дали ќе има ефективен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за злоупотреби во Царината

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

Мицкоски: Во акцијата на Финансиската полиција опфатени поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против Богоев и тројца негови познаници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: Богац е уапсен поради сомнение дека местел тендери

Горан Наумовски