Чамците и скутерите летово со ограничено пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Од:

Чамците и скутерите ова лето ќе имаат ограничен режим на пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, согласно одлуката што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата.

Со одлуката се предвидува ограничување на пловидбата на скутери во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година, во термин од 11 до 19 часот.

Воедно, се воведува и ограничување за пловидбата на чамци во ноќните часови, и тоа од 3 јуни до 31 август од 21 до 05 часот, од 1 септември до 30 септември од 20 до 06 часот и од 1 октомври до 31 октомври од 19 до 06 часот.

Од Владата наведуваат дека одлуката е донесена со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и обезбедување непречено користење на езерските води, како и зачувување на јавниот ред.

Надлежните служби ќе вршат засилени контроли, а за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Воедно, се апелира до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда