Легендарниот Џејмс Милнер го објави крајот на својата играчка кариера, со што се спушти завесата на неговиот 24-годишен престој во Премиер лигата и кариера во која имаше 964 настапи, вклучувајќи 658 во Премиер лигата, апсолутен рекорд.
Милнер го објави своето пензионирање преку социјалните медиуми, откако играше за Лидс Јунајтед, Њукасл Јунајтед, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и неодамна за Брајтон за време на неговата кариера во англиската елита.
40-годишниот играч од средниот ред го имаше своето деби во сениорскиот фудбал во ноември 2002 година, кога имаше само 16 години, во дресот на Лидс.
Милнер е третиот најмлад стрелец во историјата на Премиер лигата (16 години и 356 дена), но и втор најстар (39 години и 239 дена). Тој е исто така рекордер по бројот на различни соиграчи на кои им асистирал во едно натпреварување, дури 47.
View this post on Instagram
– По 24 сезони во Премиер лигата, чувствувам дека е вистинскиот момент да ја завршам мојата играчка кариера. Имав среќа да доживеам многу незаборавни моменти – од борба за опстанок, до освојување трофеи и европски натпревари, до претставување на мојата земја на две Европски и две Светски првенства. Повеќе од сè, секогаш ќе ги паметам луѓето што ги запознав и пријателствата што ги стекнав преку фудбалот – напиша Милнер, меѓу другото.
За време на својата кариера, Милнер освои три титули во Премиер лигата, две со Манчестер Сити и една со Ливерпул, со кого го крена и трофејот од Лигата на шампионите во сезоната 2018/19.
Неговата богата колекција на трофеи вклучува два ФА купа, два Лига купа, два Комјунити Шилдс, еден Суперкуп на УЕФА и едно Светско клупско првенство на ФИФА.
Со 90 асистенции, тој е на 10-то место на листата на најдобрите во Премиер лигата на сите времиња, додека постигна вкупно 56 гола.
Тој одигра 61 натпревар за репрезентацијата на Англија и се појави на четири големи натпреварувања, Светското првенство во 2010 и 2014 година, како и Европското првенство во 2012 и 2016 година.
