Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската Унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет.

– Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам која друга идентитетска одредница на македонскиот народ, со цел да не се направи чекорот којшто не носи никаков ризик, а тоа се уставните измени. Така да, билатералните прашања со било која земја членка на Европската Унија не се никаков дел од нашата преговарачка рамка и тоа граѓаните мора да го знаат, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Конгресот на НСДП.

Според Филипче, билатералните прашања се решаваат билатерално и никако не можат да влијаат или да го сопрат европскиот пат, односно отворањето и затворањето на кластерите, така како што го поминале секоја една земја којашто се приклучила во Европската Унија.

– Ова е само уште една лага и манипулација на оваа власт, затоа што сакаат исто како и во очи изборите 24-та година да глумат патриоти, дека се тие на браникот на одбрана на националните интереси на државата, што не е вистина. Поради тоа што со тоа што не се продолжува европскиот пат, оваа власт на чело со Христијан Мицкоски националните интереси и иднината на земјата ги загрозува, изјави Филипче одговарајќи на прашањето дали после последните позиции изнесени од властите во Софија СДСМ е сигурна дека уставните измени ќе бидат последно и единствено прашање кое што ќе биде или е поставено од страна Бугарија, но и од Брисел и дали потоа навистина ќе ги почнеме и завршиме преговорите со ЕУ, односно ќе станеме членка.

Би можело да ве интересира

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Бугари измамиja 79-годишна жена кај Дубровник – и собраа 8.000 евра за „операција на нејзината внука“

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат