ВИДЕО: Шведска им ја одзеде ќерката, бараат помош да ја вратат во Македонија

Од:

Сашо и Виолета Стојановски од Куманово, веќе 2 години живеат во болка и неизвесност, разделени од нивната 26 годишна ќерка која е со Даунов синдром. Заминале во Шведска само за подобра иднина на Мелани и потоа животот им донел болен пресврт. Шведските власти им ја одзедоа и ја сместија во институција, разделена од нив. Причината е небулозна-вработена како социјален работник која што била доделена на Мелани за надзор, го пријавила семејството Стојановски, односно мајката и таткото дека наводно сакале да ја присилат Мелани на принуден брак. Недоразбирањата дошле поради специфична ситуција, бидејќи 26 годишната Мелани ги гледала своите браќа дека се во брачна состојба и имаат деца и сакала и таа, па често за да не се вознемирува родителите и викале дека и таа еден ден ќе стапи во брак. Тоа некој го пријавил на службите по што дошле и ја зеле Мелани.

Семејството бара само едно — повторно да бидат заедно и апелираат македонските институции да застанат во нивна одбрана. Мелани поради тоа што е со посебни посебни не е во состојба сама да се откаже од шведското државјанство, и да и остане само македонското државјанство, бидејќи нејзината состојба е како на петгодишно дете. Затоа само нашата држава може да ја повлече во Македонија. Нивната приказна отвори многу прашања, емоции и реакции кај јавноста, а поддршката секојдневно расте.

Родителите велат дека никогаш нема да престанат да се борат за своето дете, и најавуваат протест со глад барајќи поддршка од граѓаните на Македонија како и и од македонската дијаспора.

Би можело да ве интересира

Кога антибиотикот повеќе не делува: Зошто антимикробната резистенција е проблем за сите нас?

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ

Хрватските бранители бараат забрана за Бајага, Илиќ и Брена

Предраг Петровиќ

Никол Кидман ги тргна периките и ја покажа природната коса – многумина изненадени

Предраг Петровиќ

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ