Синди Крафорд има здравствен проблем со кој се бори десет години

Од:

Познатата манекенка Синди Крафорд (60) откри дека има блефароптоза – медицинска состојба која предизвикува спуштање на очните капаци.

Во ново интервју за People, иконата на деведесеттите години раскажа како се справува со ова нарушување веќе една деценија.

Таа се присети како ги забележала првите промени.

„Се сеќавам, тоа беше пред десет години, откако наполнив 50 години. Кога имав рано утрински снимања, ме прашуваа: „Можеш ли да почнеш во 6 часот наутро?“ објасни Крафорд.

„Јас им одговарав: „Можам да станам кога и да треба, но лицето не ми се буди пред девет часот. Затоа не планирајте никакви крупни планови“, додаде таа.

Во тоа време, вели таа, почнала да забележува дека нејзините очи „едноставно повеќе не биле живи“ пред камерите. Поради спуштените очни капаци, шминкерите морале да ја држат и креваат нејзината кожа за време на шминкањето.

Крофорд откри дека за капките за очи Upneeq, кои ѝ помагаат со блефароптоза, дознала дури пред две години.

„Мојот дерматолог ги спомена капките за очи како нешто што би можело да ми помогне очите да изгледаат поотворени и побудни. Па ги пробав“, објасни таа.

Сега ги користи капките секојдневно, обично околу 9:30 часот наутро.

Таа потврди дека тие почнуваат да дејствуваат за помалку од пет минути и го активираат мускулот леватор на очниот капак, што ги прави нејзините очи да изгледаат поотворени до осум часа.

„Она што ми се допаѓа кај капките е тоа што не е голема обврска. Не мора да одите под нож“, рече таа.

Што е блефароптоза?

Блефароптозата е медицинско име за спуштен горен очен капак. Може да влијае на едното или на двете очи, а спуштањето може да биде благо или толку изразено што делумно ја покрива зеницата и го попречува видот.

Најчесто се јавува затоа што мускулот што го крева очниот капак ослабува, но причините можат да бидат различни. Кај некои луѓе е присутен од раѓање, додека кај други се развива со возраста, по повреда, операција на очите или поради невролошки и мускулни заболувања.