Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Од:

Малолетничка и две млади девојки на возраст од 19 и 20 години се повредени во сообраќајна несреќа. Од полицијата информираат дека околу 14:20 часот добиле пријава дека на автопатот Скопје-Велес, на мостот после наплатна станица Сопот, автомобил се превртел на патот.

– Патничко возило „опел“ управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобилe Л.Ќ. и сопатничките во возилото Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес, констатирани во Општа болница Велес, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител а увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски