ВИДЕО: Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика во САД, има мртви

Од:

Неколку луѓе загинаа, а неколкумина беа сериозно повредени во пожар во фабрика во Лонгвју, во близина на границата на државата Вашингтон со Орегон во северозападниот дел на САД, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничка изјава со „Нипон Дајнавејв Пакингџ“ и локалните власти, потврди дека имало жртви и повеќекратни сериозни повреди во инцидентот. Точниот број на жртви сè уште не е објавен.

Службите за итни случаи интервенираа откако сад што содржел бела течност пукна. „Во овој момент, официјалните лица наведуваат дека нема непосредна закана за околната заедница“, се додава во соопштението.

Станува збор за фабрика во Лонгвју во државата Вашингтон која припаѓа на компанијата „Нипон Дајнавејв Пакингџ“, која е во целосна сопственост на јапонската мултинационална компанија „Нипон Пејпер Индустрис Ко., Лтд.“. Компанијата произведува картонска амбалажа за течности.

Шефот на противпожарната и спасувачка служба на Каулиц, Скот Голдштајн, изјави дека бројот на жртви сè уште не е утврден, додека 10 лица, вклучувајќи и еден пожарникар, се потврдени како повредени во несреќата.

Тој рече дека повредите се движат од полесни до исклучително сериозни и опасни по живот. Тој додаде дека пукнатиот резервоар имал капацитет од околу 300.000 литри и бил полн околу 60 проценти.

Гувернерот на државата Вашингтон, Боб Фергусон, изрази сочувство до жртвите преку перонот X.

„Длабоко сум тажен што слушнав за смртните случаи. Моите мисли се со работниците и нивните семејства, како и со првите реагирачи“, напиша Фергусон.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

САД: „Подготвени сме за напад“

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“