Уапсени се 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – се стекнаа со над 7,5 милиони евра

Од:

Во полициска акција што е во тек од рано утрово за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, во областите на Солун, Килкис, Сер и Атина, уапсени се 17 лица, кои нелегално се стекнале со над 4,5 милиони евра, информираа од грчката полиција.

За 24 часа ова е втора ваква акција на полицијата за разбивање на криминални организации чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во давање лажни изјави, откако вчера во делови на островот Крит беа уапсени 22 лица кои нанеле финансиска штета од над три милиони евра.

Денешната акција ја води Дирекцијата за борба против организиран криминал во северна Грција, а детални информации се најавени по завршувањето.

Во однос на вчерашната операција на Крит, соопштија дека членовите на криминалната организација „професионално и континуирано извршувале тешки облици на измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија и националната економија, преку лажни пријави за незаконско добивање земјоделски субвенции“, а освен уапсените 22 лица, во предметот се вклучени и други 116 лица.

Процените се дека од целокупното дејствување на организацијата на Крит, од 2019 до 2024 година, причинетата штета врз интересите на ЕУ и државата изнесува најмалку 2.733.995 евра, без да бидат вклучени податоците за финансиските субвенции добиени во 2025 година.

Би можело да ве интересира

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Во Грција запленети над 2 тона небезбедни млечни производи од Бугарија – превезувани без ладилник

А1он

Во сообраќајка загина 15 годишно девојче во Грција – камион за ѓубре удри во моторот на кој се возеше

А1он

Малолетник од Англија загина во Грција – падна од хотелски балкон

А1он