Сончево и топло, температури до 30 степени

Од:

Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 29 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.

Би можело да ве интересира

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град

А1он

Пороен дожд, грмежи и силен ветер и денеска и во прзничниот викенд

Облаци, сонце и ветер денеска, во продолжениот викенд пороен дожд

Сонце, ветер и облаци деновите, во продолжениот викенд врнежи

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно и посвежо

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

А1он