По принципот „еден член, еден глас” Сали Бериша е реизбран за лидер на најголемата албанска опозициска партија, Демократската.
Според синоќа објавените резултати од гласањето, правото го оствариле 39.441 демократи, од нив, 38.902 се важечки, додека 539 се неважечки гласови. Од важечките гласови, поддршка за Бериша дале 37.341, 1.055 биле „против“ и 506 воздржани.
Гласањето е спроведено во 87 гласачки места, во 77 општински организации на партијата.
Единствен кандидат беше Бериша откако партиската комисија за избори отфрли пет други кандидатури.
Победата беше прославена со огномет пред седиштето на партијата. Старо новиот лидер се заблагодари на сите без разлика дали го дале гласот за него или не. Ги повтори обвинувањата за премиерот Еди Рама и неговата, како што ја нарекува нарковласт, продолжување на протестите до негово соборување, формирање техничка влада и спроведување слободни избори.
Бериша(82) беше премиер на Албанија од 2005 до 2013, и повторно од 1997 до 2013 година, кога по поразот на изборите се повлече и на негово место по негов предлог дојде Љуљзим Баша. По меѓусебните несогласувања во 2021 година Бериша, со приврзаниците насилно го запоседнаа седиштето на партијата а потоа и судот го потврди како претседател.
Беше премиер на Албанија од 2005 до 2013 и шеф на државата од 1992 до 1997 година, кога беше принуден да даде оставка по познатите немири кои ја зафатија земјата.
Во мај 2021 година САД го прогласија за непожелен поради вмешаност во корупција а во јуни истата година тоа го направи и Велика Британија.
