Левица бара разрешување на вицепремиерот Арбен Фетаи

Од:

Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија, велат во соопштение од партијата.

– Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема пари“ за повисоки плати, помош за ученици, здравство и социјални мерки, истата таа Влада дозволува функционер кој не доаѓа на работа да продолжи да зема плата, дневници и да патува на егзотични дестинации.

Ова е класичен пример на расипничко и неодговорно владеење, каде државните функции се третираат како приватна сопственост, а буџетот како партиски плен. Скандалозно е што премиерот Христијан Мицкоски со недели молчи и не презема никаква одговорност, иако јавно беше потврдено дека Фетаи не доаѓа на работа и самиот не се гледа повеќе како дел од Владата.

Левица јавно прашува:

– Колку народни пари се исплатени за плати, патни трошоци и привилегии на функционер “за добро владеење” кој не ја извршува функцијата?

– Дали Владата ќе иницира постапка за утврдување одговорност за несовесно и ненаменско трошење државни средства?

Бараме итно разрешување на вицепремиерот Арбен Фетаи и отворање постапка за проверка на сите исплати и трошоци направени за време на неговото отсуство, се вели во реакцијата од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски