Афера „шпиунажа“ ја тресе Англија – Саутемптон исфрлен од финалето

Од:

Саутемптон е исфрлен од финалето на плејофот за влез во Премиер лигата откако тимот беше прогласен за виновен за шпионажа на Мидлсбро.

Одлуката ја донесе независен дисциплински комитет откако Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го обвини Саутемптон за кршење на прописите.

Оваа казна значи дека Мидлзборо, кој беше елиминиран од Саутемптон во полуфиналето на плејофот, ќе се бори против Хал во финалето за место во највисоката лига на англискиот фудбал.

Хал ќе игра во финалето откако го победи Милвол во двомеч.

Финалето сè уште се игра според планот – во сабота во 17:30 часот на стадионот Вембли.

Саутемптон има право на жалба, а комисијата има намера да одлучи за секој евентуален приговор со цел да се обезбеди непречено играње на финалниот натпревар.

Во вторник, денот пред да бидат исфрлени од плејофот, Саутемптон објави видео од тренинг на социјалните мрежи: „Работиме кон Хал“.

Штом беше објавена веста за казната, објавата беше затрупана од коментари од фудбалските следбеници.

„Не, не се подготвувате“, „Работите кон новата сезона во Чемпионшип, измамници“, „Избриши, избриши, избриши“, „Прашајте го шпионот“ – се само дел од коментарите под објавата на X.

Би можело да ве интересира

Катастрофата на „сините“ продолжува – Челси го претрпе шестиот последователен пораз

А1он

Ипсвич се враќа во Премиер лигата после 25 години

Тотенхем конечно победи, првпат по 28 декември – опстанокот во Премиерлигата се уште неизвесен

А1он

Сити го победи Арсенал во Манчестер – се закомплицира борбата за титула во Англија

А1он

Навивачите во Англија речиси едногласни: „Укинете го VAR“

А1он

Премиер лигата доби нов рекордер по бројот на настапи

А1он