(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека краците на финансиското, политичко и медиумско влијание кои потекнуваат од Орбан и Вучиќ и водат до Мицкоски ќе бидат демонтирани.

Филипче нагласи дека постои силна пропагандна мрежа и политички влијанија во регионот, кои се свесни што прави оваа власт која не држи намерно како слепо црево тука на Балканот и сето тоа за лично богатење.

„Христијан е контролиран и од Вучиќ и од Орбан. Пропагандата која ја водат орбановите медиуми, црната кампања, практично пропаганда, која има манир на гебелсова пропаганда, која води потекло од Орбан, преку Вучиќ во Србија и тука кај нас. “ рече Филипче.

Граѓаните беа излажани дека оваа власт, тогаш кога беше опозиција, е вистинска патриотска опција, дека се бори за интересите на граѓаните, дека СДСМ ги загрозила националните интереси и сето тоа со една силна црна кампања, практично пропаганда којашто ги има манирот на Гебелсова пропаганда којашто води потекло од Орбан преку Вучиќ во Србија и тука кај нас, додаде тој.

„Еве гледајте ги како се занимаваат овие луѓе во нивните земји и што правеа: поделба на луѓето, ширење на говор на омраза, стварање на вештачки непријатели, вештачки кризи. Тоа е копи-пејст системот што го прави Мицкоски – го копира Вучиќ, го копира Орбан. Еве што прави Петар Маџар го демонтира тој систем. Тие краци кои по секоја основа, финансиската, во делот на кредитите, бизнисот и медиумите, водат до Христијан Мицкоски, ќе се демонтираат и кај нас. Ќе се ослободи земјата, ќе се ослободи и медиумскиот простор, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите