СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Од:

Уште 12 дена остануваат до рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите и европските обврски. Уште 12 дена до уште едно големо разочарување и уште едно неисполнето ветување на Мицкоски. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка. Нема отворање на следната фаза од преговорите, без разлика колку точки формално ќе бидат исполнети. Тоа е суштината, велат од СДСМ.

– Мицкоски самиот тврдеше дека има апсолутно мнозинство, самиот ја укина Техничката влада без консензус. Сега нека не бара алиби од СДСМ. Ние нема да му бидеме алиби за неисполнување на реформите. Нека ги заврши реформите што ги вети, нека ги исполни обврските до 1 јуни. Нека ги внесе малцинствата во Уставот и нека покаже дека навистина сака Македонија да продолжи кон ЕУ. Или конечно нека им признае на граѓаните дека не сака ЕУ затоа што се плаши од европски стандарди, од реформи, од независно правосудство и од одговорност, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски