Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, сооопштија денеска од неговиот кабинет.

Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран.

„Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на Републиката потврдува дека предложениот амбасадор на Државата Израел не доби, ниту ќе добие согласност од претседателот Зоран Милановиќ, и тоа поради политиката на актуелните израелски власти“, се наведува во соопштението, при што се додава дека давањето согласност е суверено право на Хрватска и дека никакви јавни или политички притисоци нема да ја променат одлуката.

Амдур, кој беше одобрен како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен, ќе пристигне во Хрватска на крајот на мај како вршител на работи, позиција за која не е потребно одобрение од претседателот, објави претходно „Тајмс оф Израел“, нарекувајќи го Милановиќ „антиизраелски“ политичар.

Израелскиот портал „Инет“ пишува дека ова е првпат хрватски претседател да одбие странски амбасадор, оценувајќи го тоа како „сериозно кршење на дипломатскиот протокол“.

Од кабинетот на Милановиќ возвратија дека Израел го прекршил непишаното правило со тоа што јавно го објавил името на предложениот амбасадор пред тој да добие официјална согласност од земјата-домаќин.

Претходно, во март, актуелниот амбасадор Корен беше повикан на разговор поради неговите изјави во кои го повика Загреб да ги прекине дипломатските односи со Техеран.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Милановиќ му штети на угледот на земјата

А1он

Милановиќ: Никој во соседството не е наш вистински непријател

А1он

Милановиќ: Жалам што го откажав состанокот Брдо – Бриони, Вучиќ ме стави во невозможна позиција

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае