Мерц: Иран мора да ги запре нападите врз ОАЕ и да го отвори Ормутскиот теснец

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија ги осудува нападите на Иран врз Обединетите Арапски Емирати и другите земји и дека Техеран мора да престане да им се заканува на своите соседи и да го отвори Ормутскиот теснец.

„Иран мора да започне сериозни преговори со САД, да престане да им се заканува на своите соседи и да го отвори Ормутскиот теснец без ограничувања“, напиша Мерц во објава на платформата X.

Тој предупреди дека не смее да има понатамошна ескалација на насилството.

„Најостро ги осудуваме обновените ирански воздушни напади врз Обединетите Арапски Емирати и другите партнери. Нападите врз нуклеарните постројки претставуваат закана за безбедноста на луѓето низ целиот регион. Не смее да има понатамошна ескалација на насилството“, заклучи Мерц.

Би можело да ве интересира

Золфагари: Ќе ги „деактивираме“ американските воени бази во Персискиот Залив

Генерал Резаи: Сериозни сме во преговорите, уште посериозни во војната и одбраната на Иран

Горан Наумовски

Иран: Оманскиот Залив ќе биде гробница за американските бродови

Израел се подготвува за нов конфликт со Иран

ВИДЕО: Загрижувачка порака на Трамп до Иран додека трае кревкиот мир

Катерина Ѓуровски

ФБИ нуди 200.000 долари за поранешна агентка: „На Иран му ја откри нашата тајна програма“