Гебрејесус: Живееме во тешки, опасни времиња

Од:

Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН.

– Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Гебрејесус на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот вирус Ебола.

Како што пренесе ДПА, главната цел на собранието, кое е највисокото тело за носење одлуки на СЗО, а која се однесува на усвојувањето на анексот за Пристап до патогени и споделување на придобивките (PABS) – клучен дел од Пандемискиот договор на СЗО – не се очекува да се постигне на овој собир поради недостиг на консензус меѓу земјите членки.

Во соопштението на почетокот на месецов, СЗО наведе дека системот PABS е наменет да обезбеди брзо споделување на патогени со пандемиски потенцијал, како и праведно и еднакво споделување на придобивките што произлегуваат од нивната употреба, како што се вакцини, дијагностика и терапевтските средства.

Финализирањето на Анексот PABS е неопходно за земјите да можат да продолжат со потпишувањето и ратификацијата на Пандемискиот договор, кој беше усвоен минатата година без овој анекс. Сепак, ратификацијата во поединечните земји може да продолжи дури откако тој ќе биде комплетиран.

Би можело да ве интересира

СЗО: Стотици илјади деца и бремени жени во Газа ќе страдаат од неухранетост

ЕУ планира да ги забрани електронските цигари и цигарите со филтер

СЗО: Еден од пет возрасни во светот е зависен од тутун

А1он

СЗО: 112 палестински деца хоспитализирани дневно во Газа поради неухранетост

Престана да работи последната болница во северниот дел на Појасот Газа

Медицинските лица во Газа работат во невозможни услови