Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Од:

Националната кампања „Одговорно со технологијата“ на A1 Македонија и Министерство за внатрешни работи деновиве предизвика огромно внимание во јавноста со својот неконвенционален и силно емотивен пристап. Телефонскиот број што ѕвонеше без одговор и пораката „Јави се и слушни“ отворија важна тема за одговорноста во сообраќајот и опасностите од користење телефон додека се вози или се учествува во сообраќајот.

За само неколку дена, телефонскиот број од кампањата беше завртен илјадници пати, што уште еднаш покажа колку силно пораката допре до јавноста и предизвика интерес, емоции и реакции кај граѓаните. Илјадници споделувања, коментари и реакции на социјалните мрежи ја претворија иницијативата во една од најкоментираните општествено одговорни кампањи во јавноста во изминатиот период.

Граѓаните на социјалните мрежи ја оценија кампањата како една од највпечатливите и најмоќните општествено одговорни иницијативи во последните години, токму поради нејзината способност преку едноставен, но силен симбол да предизвика емоција, внимание и размислување.

Би можело да ве интересира

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија