Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен“ закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа, со истото ограничување од 500 метри, кое додека беа во опозиција го нарекуваа „смешно“ и недоволно. Токму сегашниот вицепремиер Изет Меџити во 2023 година јавно изјави дека растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти е „смешно“ и најавуваше амандмани со кој сите казина ќе бидат најмалку 3 километри од населените места, соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „денес, истите тие политички партии не само што се откажаа од сопствените ветувања, туку очигледно целосно ретерираат пред коцкарскиот лоби-бизнис. Разликата е само што наместо СДСМ и ДУИ, сега ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се новите политички покровители на шемата со игрите на среќа. Особено лицемерно е што власта зборува за борба против коцкањето, а притоа не ја укинува онлајн платформата „Мегавин“. Додека беа во опозиција, денешните функционери обвинуваа дека токму онлајн игрите на среќа го шират коцкањето меѓу младите и семејствата“.

„Наместо суштинска реформа, власта нуди шминкерски закон кој единствено му удоволува на коцкарскиот бизнис и создава лажен впечаток за наводна регулација. Со вакви половични мерки нема да се намали зависноста од коцкање, ниту ќе се заштитат младите. Доколку власта навистина сака да ги ограничи игрите на среќа, тогаш треба да го прифати предлогот на Левица — казината и обложувалниците да бидат дозволени исклучиво во погранични реони и туристички ресорти, надвор од урбаните средини и секојдневниот живот на граѓаните и младите. Сѐ друго е само политички маркетинг и заштита на профитите на коцкарската индустрија“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија – Бараме итен инспекциски надзор

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Левица: Ристов ќе удри по џебот на најсиромашните – укинувањето на евтината тарифа ќе ги зголеми сметките

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ