Министерот: Ќе се преземат мерки за случајот со македонските државјани што ги бара ФБИ

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР ќе постапи во согласност со своите надлежности доколку бидат преземени потребните процесни чекори во врска со информациите на ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во земјата.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на „А1 Македонија“, Методија Мирчев, Тошковски рече дека засега не може да сподели повеќе детали за случајот.

– Во овој момент не можам да споделам повеќе детали од она што излезе во рамките на медиумите. Во секој случај ние ќе постапиме во согласност со нашата надлежност доколку се преземат потребните процесни чекори што треба да се преземат од страна на државата што ја напоменавте и од страна на сите други органи. Така што во делот на МВР, она што е наша надлежност, секако дека ќе постапиме онака како што треба да постапиме – рече Тошковски.

Би можело да ве интересира

ФБИ нуди 200.000 долари за поранешна агентка: „На Иран му ја откри нашата тајна програма“

Се предаде поранешниот шеф на ФБИ: Џејмс Коми е обвинет за закани по животот на Доналд Трамп

А1он

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Афера „Досиејата на Епштајн“: Министерството за надворешни работи на САД случајно откри таен агент на ФБИ

Горан Наумовски

ФБИ спречи терористички напад инспириран од Исламска држава