Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

И во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло

Можно невреме денеска, од утре повторно топло

Сончево време со мала до умерена локална облачност

А1он

Сончево со температури до 34 степени денеска, утре дожд, а во викендот мирно

УХМР најавува дожд и ветер во следните денови, во петок и драстичен пад на темепратурата

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер