Драмски театар со претставата „Мојот маж“ на РУТА во Сараево

Од:

Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево.

Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско позориште, „Смртно сериозно“ на МГЛ, копродукцијата „Замолчувањето на Сократ“ на ЦЗК Тиват и БИТЕФ-театар. Во петок на 15 мај ќе се игра „Мојот маж“ на Драмски театар, Скопје.

Претставата „Мојот маж“ е работена според колажот од расказите на Румена Бужаровска и авторските монолози, во режија на Нела Витошевиќ. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент на сценографот е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Лазар Христов.

Директорот на Камерни театар 55, Ведран Фајковиќ, претставувајќи ја овогодишната фестивалска програма, нагласи дека публиката, може да очекува исклучително квалитетен и разновиден репертоар на претстави од регионот. Тој потврди дека институциите сѐ повеќе го препознаваат значењето на фестивалот РУТА и регионалното поврзување преку уметноста и појасни: „РУТА е исклучително сложен и комплексен фестивал кој се одржува шест пати годишно преку гостувања во сите градови членки. Неговата особеност е во континуитетот и можноста уметниците и публиката во текот на целата година да бидат дел од регионалниот културен простор, претставувајќи го најдоброто што денес го нуди театарската сцена во регионот“.

Фајковиќ најави и голем заеднички проект на сите шест театри — копродукција која следната година би требало да претставува своевидна круна на досегашната соработка во рамките на фестивалот.
Со гостувањето во Сараево, претставата „Мојот маж“ ќе го затвори кругот на изведби во сите центри на членовите на Регионалната унија на театри. Претставата е на редовниот репертоар на Драмскиот театар во Скопје од премиерата во 2020 година и изведбата во Сараево ќе биде 46. по ред.

Би можело да ве интересира

Драмски театар Скопје по вторпат не ја додели наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор

А1он

Драмски театар одбележува 80 години постоење – за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски

Драмски со претставата „Кармен“ на фестивал во Јужна Кореја

Премиера на „Драми на принцезите – Џеки“ во Драмскиот театар

Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари

Драмски театар Скопје на фестивалот РУТА во Љубљана