Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Од:

Српскиот државјанин С.М. (42) е уапсен во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција, под сомнение дека подготвувал платено убиство.

Како што пренесуваат српските медиуми, неговото лоцирање е резултат на подолготрајна оперативна соработка и размена на информации меѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и Министерството за внатрешни работи на Македонија.

Осомничениот бил пронајден во засолниште во Скопје, каде при полициска рација бил откриен арсенал оружје и тактичка опрема.

Меѓу запленетите предмети се пиштол од марката „CZ“, воен нож и црна тактичка униформа. Според истрагата, 42-годишникот нелегално ја преминал државната граница, а кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице, која ја користел за лажен идентитет.

Оперативните информации укажуваат дека С.М. е поврзан со организирана криминална група и дека во Скопје пристигнал со конкретна задача – извршување ликвидација.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на нарачателот, мотивите и евентуалните соработници на осомничениот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он