За фрлање од возило отпушок од цигара, шише или гума за џвакање казна од 55 до 120 евра

Од:

Ѓубрето што возачите го фрлаат низ прозорецот на автомобилот, како што се отпушоци од цигари, пластични чаши или шишиња, станува сè поголем проблем во светот. За да се спречи ваков вид неодговорно и арогантно однесување при возење, многу земји ги заострија казните за овие прекршоци, кои достигнуваат и до неколку стотици евра.

Кога станува збор за Германија, за такво неодговорно однесување се предвидени и високи казни. Бидејќи еколошките прописи се одговорност на федералните покраини, износот на казните варира од место до место. Општо земено, опсегот на казните е пропишан, а надлежните органи одлучуваат колку ќе се наплати во конкретен случај.

На пример, во Саксонија-Анхалт, за фрлање стаклено шише низ прозорецот на возилото, казната е од 40 до 80 евра, додека за фрлање скршено стакло, казните се движат од 80 до дури 400 евра, пишува германската веб-страница ADAC.

На пример, во Берлин, фрлањето стари гуми во природа или покрај патот може да ве чини од 75 до 1.000 евра. За ситен отпад, како што се цигари, хартиени чаши или гуми за џвакање, казната на лице место започнува од 55 евра. Доколку не се плати во законскиот рок и се покрене прекршочна постапка, износот се зголемува на 80 до 120 евра!

Според податоците на германското Сојузно министерство за транспорт, околу 17.000 тони отпад се фрлаат нелегално на автопатската мрежа секоја година.

Околу две третини од тој отпад завршува на паркинзи, а остатокот покрај патиштата.

Службите за одржување на патиштата само во Северна Рајна-Вестфалија поминуваат 20.000 работни часа годишно собирајќи отпад од патиштата и местата за одмор.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Лабудовиќ и Ѓорѓиевски во акиција за расчистување на сметот

„Скопје создава биолошки резервоар на зараза“ – остро предупредување од епидемиологот Даниловски

Катерина Ѓуровски

Немаме камиони, немаме доволно луѓе – реакција на синдикатот на Комунална хигиена која најави постапки против раковдството

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Арсовска – ДУИ – СДС се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

A1on