Мицкоски: Македонија се позиционира како регионален транспортен и енергетски хаб

Од:

Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани.

– Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далекуводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција. Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб, рече Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу скоро ќе може да биде пуштен преостаниот дел од автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина пд следната година.

На автопатот Гостивар – Букојачни, кој е дел од пакетот патишта што ги гради „Бехтел и Енка“ се работи на 11 километри од предвидените 31.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

Мицкоски: Ако опозицијата побара избори ќе договориме термин, ние сме подготвени да излеземе

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски