12 години затвор за Стојанче Јовановски за семејно насилство и наведување на самоубиство

Од:

Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална казна затвор во траење од 13 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за „телесна повреда“, три години за „загрозување на сигурноста“ и пет години затвор за „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Сите три дела се споени во вкупна затворска казна од 13 години.

Според пресудата, на 2 март, во периодот од 11:00 до 12:20 часот, на повеќе локации, обвинетиот со умисла вршел семејно насилство и телесно ја повредил својата сопруга Ивана. Истиот ден, меѓу 12:45 и 13:35 часот, тој продолжил со насилството, сериозно ѝ се заканувал и ѝ предизвикал чувство на несигурност и страв. Овие закани биле упатени откако со патничко моторно возило „БМВ“, управувано од сведокот Мартин Саздов, отишле до основното училиште „Песталоци“ за да ја земат нивната ќерка Катја, по што се упатиле кон нивниот дом.

Во судската постапка е утврдено дека во периодот од 2023 до 2026 година, на повеќе локации во Скопје, како и во нивниот дом, обвинетиот сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која се наоѓала во материјална зависност од него.

Ваквото континуирано насилство кај оштетената предизвикало тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност. Како директна последица на тоа, таа извршила самоубиство, скокајќи од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка.

Би можело да ве интересира

Казната за Стојанче е прва во историјата на Македонија за наведување на самоубиство поради семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март

Обвинителството бара максимална казна за Јовановски, одбраната побара ослободителна пресуда

Очекувано е Јовановски да се прикажува како жртва, вели обвинителката Бојчевиќ

Стојанче ги обвинува Ивана и Мартин дека го наместиле: му ја подметнале дрогата, тепањето не го објаснува

Стојанче пред Кривичен суд ја тепал Ивана два часа пред смртта, полицијата дошла и си заминала