Стојанче пред Кривичен суд ја тепал Ивана два часа пред смртта, полицијата дошла и си заминала

Од:

Со прикажување на видео-снимки од безбедносни камери денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за семејно насилство поврзано со случајот кој заврши со смрт на неговата сопруга Ивана и ќерката Катја.

Обвинителството пред судот презентираше снимки направени во близина на судскиот комплекс во Скопје, на кои, според тврдењата на обвинителството, се гледа физички напад врз оштетената Ивана Јовановска. На видеото, како што беше наведено, обвинетиот во два наврати ја удира својата сопруга, при што во еден момент се забележува движење на нејзината глава од силината на ударот.

Инцидентот, според обвинението, се случил во текот на денот на јавно место, во близина на гаражите кај судскиот комплекс. На снимките е забележано и пристигнување на полициски службеници кои интервенирале по претходна пријава.

Како што беше презентирано во судницата, полициските службеници извршиле разговор со двајцата сопружници, по што го напуштиле местото на настанот. Обвинителството посочи дека и покрај видливата вознемиреност кај оштетената, не биле преземени дополнителни мерки.

Во текот на постапката беше наведено и дека на жената ѝ било укажано дека, во случај на повторна пријава, може да се соочи со пријава за лажно пријавување, што отвори прашања за постапувањето на надлежните институции.

Снимките што беа прикажани во судот се направени неколку часа пред трагичниот настан, кога, според претходно изнесени наводи, жената заедно со своето дете паднала од балкон.

Судењето продолжува.

Би можело да ве интересира

Казната за Стојанче е прва во историјата на Македонија за наведување на самоубиство поради семејно насилство

Катерина Ѓуровски

12 години затвор за Стојанче Јовановски за семејно насилство и наведување на самоубиство

Катерина Ѓуровски

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март

Обвинителството бара максимална казна за Јовановски, одбраната побара ослободителна пресуда

Очекувано е Јовановски да се прикажува како жртва, вели обвинителката Бојчевиќ

Стојанче ги обвинува Ивана и Мартин дека го наместиле: му ја подметнале дрогата, тепањето не го објаснува