Овој викенд во Битола, Binance носи спој од традиција и иновација со ќебапи и криптовалути

Од:

Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и број на корисници, овој викенд, ќе организира уникатен настан во центарот на Битола – „Камион со ќебапи“. На 9 и 10 мај, од 11:00 до 16:00 часот, на плоштадот Магнолија, ќе биде поставен „Камионот со ќебапи“ на Binance каде граѓаните ќе имаат можност да се поврзат со глобалната крипто заедница и да уживаат во омилените локални вкусови.
Во препознатлива битолска атмосфера, посетителите ќе можат да уживаат во бесплатни ќебапи, додека истовремено ќе имаат можност да се запознаат со тимот на Binance, Binance Angels, да разговараат со други корисници и да добијат корисни информации од прва рака за тоа како функционира крипто светот.

Настанот е осмислен да едуцира, инспирира и поттикне разговори за дигиталните валути, и кај крипто ентузијастите и кај оние кои штотуку почнуваат да се интересираат за оваа тема.

„Традицијата не е спротивност на иновацијата, таа е нејзина основа. Од ќебапи до криптовалути, вредностите се исти: автентичност, доверба и континуирано присуство. Новите технологии можат да бидат блиски, разбирливи и релевантни кога се градат врз вредности што луѓето веќе ги препознаваат и им веруваат и токму тоа сакаме да го пренесеме со овој настан“, велат од Binance.

Покрај дружењето и едукативниот дел, настанот ќе понуди и интерактивни активности преку кои посетителите ќе можат да освојат ексклузивни производи и награди од Binance. Првите 300 Binance корисници ќе добијат свеж ќебап сендвич, додека за новите корисници ќе биде овозможена регистрација на лице место и специјална крипто награда.

Со оваа иницијатива, Binance носи свеж и динамичен формат во срцето на Битола, отворајќи простор за едукација, вмрежување и директно запознавање со светот на криптовалутите. Настанот има за цел да ги доближи дигиталните теми до пошироката јавност на пристапен и интересен начин.

На 9 и 10 мај, плоштадот Магнолија ќе стане место каде што ќе се спојат технологијата, заедницата и добрата енергија. Посетителите ги очекува поинакво градско искуство, со содржина што информира, поврзува и привлекува широка публика.

Повеќе информации за настанот се достапни на линкот.

Би можело да ве интересира

Binance AI Pro – нова алатка што го менува начинот на тргување со криптовалути

Катерина Ѓуровски

Суровините го преземаат водството додека најголемата макро-трговска тема во 2026 година ги преобликува глобалните пазари

Горан Наумовски

Binance Academy лансираше нов курс за користење на агенти со вештачка интелигенција во крипто-секторот

Горан Наумовски

Непрекинато тргување: Binance за 90 дена достигна глобални размери

Горан Наумовски

Крипто-пазарот остана стабилен додека институционалните инвеститори се враќаат, а се појавуваат и нови трендови

А1он

Регулирање на крипто-секторот во согласност со пазарната реалност

Катерина Ѓуровски