10 месеци затвор за службеничката која призна дека примила мито во случајот „ИПАРД“

Од:

Десет месеци затвор доби Јасмина Костадинова, вработена во Министерството за земјоделство, откако на последното рочиште призна вина за примање мито поврзано со посредување за добивање средства од ИПАРД програмата.

Судот одлучи во издржувањето на казната да ѝ се засмета и времето поминато во домашен притвор, почнувајќи од 5 ноември 2025 година. Мерката домашен притвор ѝ е продолжена до упатување на издржување на казната.

Барањето на Костадинова за враќање на 6.000 евра е одбиено, а судот донесе одлука да се конфискуваат сите 8.000 евра кои беа запленети при полицискиот претрес.

Судијката Ленка Давиткова при изрекувањето на пресудата истакна дека улогата на обвинетата била клучна во рамки на министерството, со што се поткопувала довербата во институциите. Таа нагласи дека злоупотребата на европските фондови може да има сериозни последици, особено затоа што биле блокирани средства наменети за земјоделците.

Во случајот обвинети се и поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка Илија Стоилев, како и Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа, сега директор на фирмата „Сигнас-Арго“ од струшко Велешта.

Според обвинението, Насуфи дал 5.000 евра на три лица за да извршат влијание врз Стоилев, кој пак требало да добие 50.000 евра за да одобри проект за добивање средства од ИПАРД 3 програмата. Стоилев бил фатен од полицијата при примање на првите 400 евра.

Би можело да ве интересира

Признание за случајот „ИПАРД“: Обвинета призна дека земала мито, судењето продолжува за поранешни функционери

Горан Наумовски

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски

МЗШВ: Европската Комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата

(ВИДЕО) Тренчевска: Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски