Чамец се преврте во каналот Плавница на Скадарското Езеро. Загина маж на возраст од околу 40 години, едно лице е повредено, додека полицијата трага по трето лице и ги утврдува околностите на несреќата.
– Имаше несреќа, се преврте чамец. Според досегашните информации, едно лице загина – соопшти Полициската управа.
Како што објаснија, станува збор за маж на возраст од околу 40 години.
– Едно лице е повредено и пријавено во Центарот за итни случаи на КБЦ, додека се бара трето лице за кое постои сомневање дека било во чанецот. Истрагата е во тек – изјавија од полицијата.
Додадоа дека надлежниот обвинител е известен за несреќата.
– Причината за смртта засега е непозната, известија истражителите.
