Автомобил излета од патот Скопје-Велес, извлечени шестмина повредени

Од:

Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат.

Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од К.С. (68) од Велес, во кое имало уште пет сопатници.

Во акцијата за спасување се вклучиле и екипа од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три екипи на Итната медицинска помош од Скопје, како и екипа на ЈП Македонија Пат.

Возачот и сопатниците биле успешно извлечени и пренесени во Ургентниот центар во Велес, каде им била укажана медицинска помош. Според информациите на МВР, сите се надвор од животна опасност, благодарение на брзата и ефикасна реакција на надлежните служби.

Увид на местото извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Скопје, а надлежните апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Би можело да ве интересира

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Три млади момчиња загинаа во сообраќајка во Република Српска

А1он