Во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во с.Врбјани, се случи сообраќајна несреќа помеѓу возило „ланд ровер“ управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и возило „опел вектра“ управувано од Н.З.(32) од Крушево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби возачот на возилото „опел вектра“ Н.З., кој во болницата во Прилеп почина.
Со телесни повреди се здоби неговата сопатничка С.Б.(29) од Прилеп и возачот на возило „ланд ровер“, констатирани во Општа болница Прилеп.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.
