Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, им нареди на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да извршат „жестоки напади“ врз цели на Хезболах во Либан.
Претходно, портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае, повторно ги предупреди цивилите во Либан да не се враќаат во јужниот дел од земјата, и покрај договореното примирје.
Во текот на денот биле активирани сирени за тревога во областите Менара, Маргалиот и Мисгав Ама. Според израелски медиуми, од либанска територија биле истрелани три ракети.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека примирјето меѓу Израел и Хезболах се продолжува за три недели, но и двете страни продолжуваат да се обвинуваат за негово кршење.
