Барселона продолжува со сигурен чекор кон титулата во шпанската Ла Лига.
Денеска каталонскиот тим ја забележа својата 28-ма победа во сезоната, победувајќи го Хетафе на гостински терен со резултат од 2:0, со што ја задржа убедливата предност на врвот на табелата.
Пет кола пред крајот на сезоната, тимот на Ханси Флик има дури 11 бода повеќе од Реал Мадрид, што ги става во исклучително удобна позиција во борбата за титулата.
Барселона поведе на крајот од првото полувреме, кога Фермин Лопез постигна гол во 45-тата минута, а голот му беше посветен на Ламин Јамал.
Прашањето за победникот беше решено во 74-тата минута, кога Маркус Рашфорд ги постигна конечните 2:0.
Во следните натпревари, Барселона ќе биде домаќин на Осасуна на 2 мај, додека на 10 мај ќе го пречека Реал Мадрид на „Ел Класико“.
