Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

Од:

Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката, пишува во денешното соопштение на „Алкалоид“ АД – Скопје, што МИА го пренесува интегрално.

Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО г. Живко Мукаетов, делегацијата имаше можност да се запознае со деветдецениското постоење и успешно работење на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствените перформанси и производственото портфолио.

Во фокусот на средбата беа стратешките определби на компанијата, вклучувајќи ги силната извозна ориентација, континуираните капитални инвестиции, проектите за општествена одговорност, како и стратешката посветеност за одржлив раст и за пазарна диференцијација во глобални рамки. Воедно, посебно внимание им беше посветено на можностите за унапредување на соработката меѓу „Алкалоид“ АД Скопје и установите под надлежност на Министерството за здравство на Црна Гора, вклучувајќи ја и ЈЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“.

Црна Гора претставува традиционален и значаен пазар за „Алкалоид“, на кој компанијата е континуирано присутна со своето разновидно портфолио на производи од сегментите фармација, козметика, билка и хемија. Долгогодишното присуство и препознатливоста на брендовите придонесуваат за стабилна позиција на компанијата и за градење доверба кај потрошувачите и партнерите на овој пазар.

Официјалната работна посета на министерот за здравство на Црна Гора претставува одлична можност за натамошно продлабочување на соработката и за изнаоѓање нови форми на синергија меѓу „Алкалоид“ и ентитетите на црногорскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Нема доволно гас: Германија стравува за зимата

Предраг Петровиќ

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

EiCrypto лансира нова технологија за рударење во облак за да им помогне на сопствениците на биткоини, ETH и USDT да заработат 2.000 долари дневно.

Предраг Петровиќ

Платформа за рударство во облак EiCrypto, која ви овозможува да заработувате 3.400 долари дневно користејќи Bitcoin (BTC), Ethereum (ETH) и USDT

Предраг Петровиќ

„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“