Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Од:

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство.

Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст.

– Со ова се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Дополнително, преку програмите на Министерството е обезбено и бесплатно болничко лекување и ослободување од партиципација за пензионери со пониски примања, со што директно се намалува финансискиот товар и се овозможува подобар пристап до неопходната здравствена грижа – рече Алиу во обраќањето на одбележувањето 80 години постоење на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани, посочи министерот, се доказ за вашата незаменлива улога во општеството.

– Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста на едно општество. Затоа, за мене и за Министерството што го предводам, оваа тема е врвен приоритет – додаде Алиу.

Би можело да ве интересира

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови

После изборите 18 лекари и здравствен персонал ќе ги добијат решенијата за вработување во штипската болница

Се апсат лица кои незаконски делеле пензии и финансиска помош за туѓа нега