ChatGPT моментално не работи и е недостапен за милиони корисници ширум светот.
Луѓето масовно пријавуваат дека не можат да се најават на своите сметки или да ја користат услугата.
OpenAI официјално потврди дека нивните тимови веќе работат на отстранување на грешката.
На официјалната веб-страница на компанијата се вели дека активно го истражуваат проблемот со пристапот. Сè уште нема прецизни информации за тоа кога популарниот четбот повторно ќе биде оперативен.
Корисниците добиваат пораки за грешка и не можат да ги видат своите претходни разговори.
Се препорачува да го следите статусот на системот и да бидете трпеливи додека проблемот не се реши. Избегнувајте повторно внесување на лозинката додека не се стабилизира врската. Се очекува пристапот до услугата да биде овозможен кратко време откако ќе се поправи серверот – информираа од OpenAI.
