Падна ChatGPT, за еден час пријави стигнале од 30.000 корисници

Од:

Корисниците низ регионите денеска околу 17 часот пријавиле прекини на услугите на OpenAI. Веб-страницата за следење на прекини Downdetector документирало зголемување на пријавите, односно обемот на пријави од корисниците на платформата достигнал над 30.000 во рок од еден час.

Записите укажуваат на неуспеси кога поединци се обиделе да пристапат до ChatGPT, да пренесуваат барања и да отвораат системски страници.

Официјалната страница за статус на OpenAI моментално покажува „Elevated errors across ChatGPT and Codex“, односно зголемен број грешки, и проблемот сè уште се истражува. Има и извештаи дека денес, 3 септември, ChatGPT не функционира или работи нестабилно кај корисници во повеќе земји.

Би можело да ве интересира

Истражување: ChatGPT и Gemini ширеле руска пропаганда

Креаторот на ChatGPT откри кои работни места би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција

А1он

Падна ChatGPT ширум светот

А1он

ChatGPT се проби меѓу првите пет глобални страници во светот

А1он

Побара помош од ChatGPT, па ја најде добитната комбинација – освои 100.000 долари

А1он

Ученик во Флорида го праша ChatGPT како да убие пријател – заврши во затвор

А1он