Русија: Западот користи груба сила против Иран, како што правеше против Југославија

Од:

Русија остро ги осуди американско-израелските напади врз Иран, оценувајќи дека таквите дејствија не одговараат на интересите на повеќето земји во светот и претставуваат кршење на меѓународното право.

Државниот секретар и заменик-министер за надворешни работи на Русија, Евгениј Иванов, на Третиот серуски општински форум „Мала татковина – силата на Русија“ изјави дека Западот води „деструктивна политика со употреба на груба сила“, како што се, според него, неодамнешните напади на САД и Израел врз Иран.

– Тоа нема никаква врска со интересите на мнозинството земји и народи на глобалниот Југ и Исток, рече Иванов, додавајќи дека ваквите дејствија ги поткопуваат основните принципи на меѓународното право и општите човечки вредности.

Тој потсети дека низа агресивни потези на Западот вклучуваат бомбардирање на Југославија, интервенции во Ирак, Либија и Сирија, како и напади врз Јемен.

Иванов нагласи дека Русија категорично се спротивставува на секое обновување на воените дејствија на САД и Израел против Иран, како и на Израел против Либан.

Тој особено ја осуди употребата на сила против цивилната инфраструктура.

– Неоправданата употреба на воена сила против цивилни објекти нема никакво оправдување. Јасно е дека продолжувањето на овој конфликт би имало сериозни негативни последици не само за Блискиот Исток, туку и за глобалната безбедност, заклучи Иванов.

Би можело да ве интересира

Guardian: Кремљ пред одлука – регрутација или нова мобилизација?

Предраг Петровиќ

Лавров: Русија ќе ги постигне сите цели во Украина и ќе примени побрутални методи против западната машинерија

„Телеграф“: Британската морнарица нема доволно сили за евентуален конфликт со Русија

Зеленски: Ако Путин не сака да ја запре војната, ние ќе го сториме тоа

Севастопол e без струја по украинските воени напади

Такер Карлсон: Русија е мојата омилена земја

Горан Наумовски