Нов удар за Стармер: Обвинет е за некомпетентност и недостаток на визија

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер се најде во центарот на политичка бура откако функционери и политичари блиски до Лабуристичката партија упатија низа сериозни обвинувања против неговото раководство. Според извештајот на веб-страницата „Политико“, кој се повикува на интервјуа со десетици инсајдери, премиерот е обвинет за некомпетентност, неподготвеност да управува со земјата и целосен недостаток на „јасна мисија“.

Критиките што доаѓаат од самото јадро на британската администрација укажуваат дека Стармер нема потребна енергија за спроведување на ветените реформи. Извори на публикацијата наведуваат дека на Даунинг стрит владее атмосфера на дезориентација, додека премиерот е критикуван за недостаток на интерес за политичка стратегија и избегнување на соочување со клучните прашања.

„Многу луѓе мислат дека Кир Стармер е добар човек кој едноставно не си ја работи работата. Грешат. Тој е кретен кој не си ја работи работата“, изјавил еден од неименуваните извори за „Политико“, според медиумите на островот.

Други извори истакнуваат дека премиерот покажува загрижувачка пасивност. Се вели дека Стармер избегнува поставување прашања дури и кога станува збор за актуелни политички и етички теми, што остава впечаток на недостаток на љубопитност и неспособност да води кабинет. Според изворите, тој не покажува вистински интерес за потребите на граѓаните, туку се чини дека е целосно неподготвен за предизвиците на позицијата шеф на владата.

И покрај сè погласните шпекулации и фактот дека според анкетите на јавното мислење тој станал еден од најнепопуларните шефови на влади во поновата британска историја, Стармер ја отфрлил можноста за оставка.

Британскиот премиер се соочи со низа сериозни предизвици откако ја презеде функцијата, од економска нестабилност до внатрепартиски судири, но најновиот бран критики од неговите сопствени редови сериозно го доведува во прашање неговиот авторитет и способност да ја одржи контролата врз политичкиот курс на земјата.

Би можело да ве интересира

Стармер го критикуваше Трамп за Иран: Цивилите веќе претрпеа „неизмерлива штета“

А1он

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Стармер до Трамп: Ова не е наша војна – Велика Британија нема да испраќа трупи во Иран

А1он

Стармер: Корпусот на Исламската револуционерна гарда не може да биде забранет

Стармер: Нема да одиме да војуваме со Иран, ова не е наша војна

Стармер свикува итен состанок, војната со Иран ја „тресе“ британската економија