(ВИДЕО) Тигар скокна во публика во циркус во Русија

Од:

Истражните органи на Руската Федерација денес објавија дека е покрената истрага по тврдењето дека тигар скокна од арената за време на циркуска претстава кон публиката во Ростов на Дон, а според достапните информации, никој не е повреден.

Истрагата е организирана по медиумските извештаи за инцидентот што се случи во областа Ворошилов во градот, соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Русија за Ростовскиот регион, објави руски Интерфакс.

Според извештаите, за време на претставата, тигарот скокна од арената во правец на гледачите, но никој од посетителите не е повреден, а животното веднаш е фатено и вратено во кафезот.

Истрага води и обвинителството на Ростовската област, кое објави дека инцидентот се случил за време на претстава на патувачки циркус со диви животни.

Би можело да ве интересира

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

Москва е загрижена од плановите на НАТО

(ВИДЕО) Што пишуваат руските медиуми за падот на Вучиќ?

Горан Наумовски