Според првичните неофицијални резултати партијата „Прогресивна Бугарија“ на екс претседателот на државата – Румен Радев е победник на парламентарните избори во Бугарија.
Ова се резултатите според втората излезна анкета од Маркет Линкс заклучно со 20:45 часот (по бугарско време), емитувана на bTV.
Прогресивна Бугарија – 39,10%
ГЕРБ – 15,6%
ППДБ – 13,4%
ДПС – 7,5%
Вазраждане – 5,1%
БСП – 3,7%
Сијание – 3,4%
МЕЧ – 3,3%
Величие – 3,1%
ИТН – 2%
АПС – 1,3%
Сина Бугарија – 0,7%
Излезноста на гласачите беше 51,3%.
Според резултатите, еве како се рангираат пратеничките групи во Националното собрание:
Прогресивна Бугарија – 116
ГЕРБ – 47
ППДБ – 40
ДПС – 22
Вазраждане – 15
БСП – 12
Изненадување на овие избори е и големиот број на помали партии кои се движат околу и под изборниот праг од 4%.
Во текот на ноќта се очекува пред јавноста да се обрати Румен Радев со оценка на изборните резултати.
