Осум деца се убиени во масовни пукотници во Шривпорт, Луизијана, објавува „Мирор“.
Полициската управа на Шривпорт (SPD), третиот најнаселен град во американската држава Луизијана, изјави дека жртвите – на возраст помеѓу 18 месеци и 14 години – биле убиени за време на „семејно насилство“ во населбата Сидар Гроув.
Пукањето се случи околу 6 часот наутро по локално време во недела, според началникот на полицијата во Шривпорт – Вејн Смит.
Две возрасни жени претрпеле прострелни рани во главата и преживеале, додека едно момче е повредено откако скокнало од покривот, објави локалната подружница на ABC Луизијана, KTBS.
Осомничениот, возрасен маж, бил убиен во престрелка со полицијата по пешачка потера во Босиер Париш, соопшти државната полиција на Луизијана.
Голем број полициски сили се уште се на терен, а според првичните информации, случајот има елементи на семејно насилство.
Истрагата е во тек, а властите најавуваат дека повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.
